На 10 Октомври 2019 г., во рамките на проектот “Coming home to shine”, учениците од паралелките за Меѓународна матура имаа можност да се сретнат и запознаат со работата на Верица Ковачевска, еден од најистакнатите визуелни уметници од Македонија. Верица, по завршувањето во паралелката за Меѓународна матура во нашето училиште, своето образование го продолжува во Велика Британија каде студира на Универзитетот во Плимут а постдипломските студии ги завршува на Кембриџ. Моментално живее и работи во Цирих, Швајцарија, а е учесник во многубројни проекти и изложби во Европа и Америка.
Recent Posts