In Активности

На 04.12 во Чифте Амам (Национална Галерија на Македонија) беше отворена изложбата на дела од завршната работилница на проектот „Јас и ти, едно сме”, на која учествуваа нашите ученици од паралелката за меѓународна матура заедно со учениците од училиштето за деца со оштетен слух и говор „Партенија Зографски”. На отворањето пред многубројната публика за значењето на овој проект говореа: директорката на Националната галерија Дита Старова Ќерими, координаторката на овој проект Маја Димитрова, заменикот минcистер за труд и социјална политика како и холандскиот амбасадор (проектот беше изведен со поддршка на Холандската амбасада во Македонија).

ВИДЕТЕ ГО ВИДЕОТО

Recent Posts

Leave a Comment

Контактирајте не

Во моментот не сме активни. Но можете да ни пратите е-пошта.

Not readable? Change text. captcha txt