Драги наши матуранти !
Денес, се наоѓате пред животниот крстопат , бидејќи се интегрирате од светот на ученици-средношколци во еден нов свет- светот на возрасните.
Последната година од вашето школување во нашата гимназија ја завршувате под едни нови околности кои се чудни и непознати за сите нас.
Бевте една необична генерација, мала по обем, ама со големо и широко срце , со амбиции кои беа желни за нови знаења. Ќе останете запаметени како една генерација која неколкупати се најде пред животните предизвици , ама која секогаш излегуваше како победник.
Воопшто не се сомневам дека сите животни предизвици ќе ги надминете и еден ден ќе станете примерни и успешни граѓани на нашата татковина која со вас ќе се гордее, исто како што ќе се гордееме и ние.
Ви посакувам да ја изградите вашата иднина онака како што си ја замислувате и посакувате! Ви посакувам среќата, здравјето и успехот на секое поле да станат ваши најверни сојузници!
Со најголема почит