75 години со високи воспитно-образовни норми до здрави, млади личности оспособени за понатамошното образование.
Основањето на гимназијата започнало со решение на Президиумот на АСНОМ и назначувањето на писателот и академик Васил Иљоски за прв директор (1.XII.1944).
Наскоро биле назначени и првите 29 наставници (јануари 1945), а на 1 февруари 1945 година започнала и работата на Првата скопска гимназија со вкупно 790 ученици во 23 одделенски паралелки.
Денес 90 наставници, 1400 ученици во 51 паралелка. 75 години традиција, позитивни вредности, знаење, креативност, дисциплина, квалитет, почитување, успех.
75 години создаваме генерации подготвени да одговорат на сите животни предизвици.