За време на престојот во Втора гимназија Марибор нашите ученици Мила Брѓовиќ, Стефани Тримчевска, Андреј Марков, Јана Величкова,Теа Керметчиева и Марија Кржовска активно се вклучија во работилниците на фестивалот по анимација, импровизација, танц и фотографија. За тоа време професорите имаа можност да посетат настава и учествуваа на работилница со директорот на Училиштето М-р Иван Лоренчиќ. Последниот ден учениците ја пропатуваа цела Словенија и ги посетија Блед и Пиран. На крај разделбата не значи дека е крај туку почеток на нови пријателства и соработка меѓу училиштата од земјите учеснички.
Recent Posts