ПРИЈАВУВАЊЕТО И ЗАПИШУВАЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ СЕ ВРШИ ВО ЕДЕН УПИСЕН РОК СО ДВЕ ПРИЈАВУВАЊА ВО МЕСЕЦ ЈУНИ.
Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 18 и 19 јуни 2018 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 20 јуни 2018 година.
Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 22 јуни 2018 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 25 јуни 2018 година. Проверката на знаењата на учениците од заедниците ќе се реализира на јазикот на кој што ученикот ја следел наставата во основното училиште.
По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 48 часа.
Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 28 јуни 2018 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 29 јуни 2018 година.
За учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, се организира втор уписен рок во месец август, во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок.
Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 23 август 2018 година, а резултатите од запишувањето на учениците ќе се објават на 24 август 2018 година.