На 30.09 2020 год. учениците од IV г. од паралелката на меѓународна матура и проф. Ангелина Дамјаноска – Наумоска присуствуваа на настанот организиран од Кабинетот на претседателот и Технолошко – металуршкиот факултет „Три генерации македонска мода – пренесување на знаење“ кој се одржа на платото на Вила Водно. Целта на овој настан беше промоција на младите дизајнери како и поддршка на развивањето и унапредувањето на македонскиот дизајн, а преку него и на заштитата на културното наследство.
Recent Posts