In Активности

Нашето училиште, СУГС Гимназија „Јосип Броз – Тито“ на 9 и 10 септември беше домаќин на транснационалниот состанок во рамките на Еразмус+ проектот „Обновливи извори на енергија“ (Renew Energy), бр. 2020-1-TR01-KA229-093299_5, од програмата КА229-Стратешки партнерства за училишни размени.

Професорите и учениците од училиштето, особено оние што се дел од проектниот тим, со задоволство ги пречекаа професорите од партнерските училишта: Средното училиште за науки ТОББ Полатли, Анкара, Турција; Основното училиште „Петко Р. Славејков“, Варна, Бугарија; Средното училиште Гимназија „Марија Росети“, Букурешт, Романија и Институтот за високо образование „Себастијано Сата“, Макомер, Италија.

На работниот состанок најнапред професорите преку видео материјали, фотографии и Power Point презентации ги претставија сопствените училишта. Во работна и срдечна атмосфера се дискутираа повеќе прашања поврзани со проектот: реализираните активности, активното учество на учениците во активностите на проектот и придобивките од истото, како што се здобивање со знаења за обновливите извори на енергија, јакнењето на нивните комуникациски вештини и граѓанско однесување, но и поттикнување на нивната креативност. Стана збор и за влијанието на проектот врз училиштето и локалната заедница по однос на прашањето за обновливите извори на енергија и заштитата на животната средина и др. Се дефинираа датумите на претстојните мобилности, финалните производи од мобилностите, процесот на дисеминација, употребата на платформите Mobility tools, Facebook, eTwinning и др. во рамките на проектот.

Заклучивме дека соработката меѓу партнерските училишта е многу добра и дека со досега спроведените активности се остварени предвидените цели на проектот кој се развива во согласност со нашите очекувања.

Нашите ученици со нетрпение го очекуваат дружењето и заедничката работа со нивните врсници од партнерските училишта.

Recommended Posts

Leave a Comment

Контактирајте не

Во моментот не сме активни. Но можете да ни пратите е-пошта.

Not readable? Change text. captcha txt