In Активности

Во рамки на  KA 101  Еразмус + проектот “Student Centered Effective Classroom”, директорката на училиштето Силвана Кржовска и координаторот на програмата за меѓународна матура професорката Гордиана Ѓоргова, посетуваа обука за менаџмент на Еразмус +  проекти од видот КА1, КА 2, во организација на Project Management Spain Erasmus Plus од Аликанте.

Во текот на обуката  тие се стекнаа со вештини за креирање на нови проекти, се запознаа со критериумите за оценување на проекти и успешно раководење со истите, како и изработка на завршни извештаи.

На обуката беа презентирани и новите правила за рамката на Еразмус + во периодот 2021-27 како и   постапките за акредитација на училиштата за Еразмус+ програмата. Во рамки на обуката беа посетени и две средни училишта кои имаат успешни Еразмус+ проекти и акредитација. Искуствата од обуката ќе бидат пренесени преку реализација на работилници за дисеминација во училиштето и локалната средина.

Recommended Posts

Leave a Comment

Контактирајте не

Во моментот не сме активни. Но можете да ни пратите е-пошта.

Not readable? Change text. captcha txt