In Активности, Соопштенија

Се повикуваат вработените во СУГС Гимназија „Јосип Броз-Тито“ да се пријават за учество во програмата за мобилност во Еразмус+ проектите.

Еразмус+ е програма на Европската унија наменета да го поддржи образованието, обуката, младите и спортот во Европа. Нашето училиште за првпат оваа година се вклучува во два проекта од областа на транснационалната размена на искуства и добри практики во рамките на програмата КА229 – Стратешки партнерства за училишни размени. Проектите во кои нашето училиште учествува се: „Нашиот живот во наши раце“ (“Our Life in Our Hands“) и „Обновливи извори на енергија“ (“Renew Energy“).

Целта на проектите е интернационализација на образовниот процес во нашето училиште и доближување на европските вредности и практики до нашето образование. Во секој од проектите учествуваат училишта од пет земји, меѓу кои е и нашата земја.

Времетраењето на секој од проектите е две години (2020-2022) во текот на кои континуирано ќе се реализираат разновидни тематски активности во сите училишта вклучени во проектите, а во текот на двата проекта ќе се реализираат и по пет мобилности со размена на ученици и наставници.

Ве известуваме дека на веб-страницата на училиштетото се поставени апликациски формулари за учество. Крајниот рок за поднесување на формуларите ќе биде до 18.11.2020 год. (среда), а резултатите од селекцијата ќе бидат објавени на 23.11.2020 год. (понеделник).

Селекцијата на потенцијалните учесници во проектите ќе ја изврши комисија за рангирање врз основа на одговорите од прашалниците и Критериумите за учество на наставници и друг ненаставен кадар во проектите од програмата Еразмус+  КА229 – Стратешки партнерства за училишни размени. Од пријавените ќе се одберат по тројца наставници кои ќе се прилучат на веќе оформените проектните тимови чија задача е да ги координираат активностите во училиштето за времетраењето на проектите.  Сите останати што нема да бидат селектирани ќе можат да се вклучат при самата реализација на активностите со што стануваат потенцијални учесници во мобилностите на овие и потенцијални учесници во други проекти. Повеќе информации за самите проекти за заинтересираните има на следните линкови:

Линк до резимето на проектот „Нашиот живот во наши раце“ (“Our Life in Our Hands“)

Линк до апликацискиот формулар за проектот „Нашиот живот во наши раце“ (“Our Life in Our Hands“)

Линк до резимето на проектот „Обновливи извори на енергија“ (“Our Life in Our Hands“)

Линк до апликацискиот формулар за проектот „Обновливи извори на енергија“ (“Renew Energy“)

 

Линк до Критериумите за учество на наставници и друг ненаставен кадар во проектите од програмата Еразмус+ КА229 – Стратешки партнерства за училишни размени

Recommended Posts

Leave a Comment

Контактирајте не

Во моментот не сме активни. Но можете да ни пратите е-пошта.

Not readable? Change text. captcha txt