На изборот за официјално лого на Еразмус+ проектот „Нашиот живот во наши раце“, за најдобро е прогласено логото на нашата ученичка Ивана Филева од паралелката II-3.
Покрај нас на натпреварот учествуваа и најдобри решенија од партнерските училиштата од Полска (Specjalny Osrodek Szkolno-Wychowawczy w Sieradzu), Романија (Colegiul Economic “George Baritiu”), Грција (Geniko Lykeio Gazioy) и Италија (Liceo Scientifico statale Santi Savarino Partinico). Гласањето се реализираше на Фејсбук страницата на проектот со претходно утврдени правила и критериуми.
Честитки за Ивана како и за сите ученици што учествуваа на интерните конкурси, особено за победниците, за вложениот труд и креативните решенија.
Линк до Фејсбук страницата на проектот:
https://www.facebook.com/groups/508610086764865/permalink/540513606907846/