Ги повикуваме учениците да земат учество во Конкурсот за изработка на идејно решение за заштитен знак (лого) и порака (слоган) на Еразмус+ проектите во коишто е вклучено нашето училиште.
Нашето училиште оваа година за првпат учествува во реализација на два проекти од Еразмус+ програмата, КА229, којашто има за цел интернационализација на образовниот процес и размена на искуства и практики со образовни институции од други земји. Тие проекти се:
- „Нашиот живот во наши раце“ (“Our Life in Our Hands“) – Линк до резимето на проектот „Нашиот живот во наши раце“ (“Our Life in Our Hands“)
- „Обновливи извори на енергија“ (“Renew Energy“) – Линк до резимето на проектот „Обновливи извори на енергија“ (“Renew Energy“)
Заштитниот знак (логото) и пораката (слоганот) на креативен начин треба да ги одразуваат темата и целите на проектот, како и целите на Еразмус+ програмата. Во прилог на идејното решение учесниците треба и текстуално да го образложат концептот за дизајнот. Трите најдобри решенија (за секој од проектите) коишто ќе бидат избрани од страна на жири-комисијата ќе се натпреваруваат во изборот за официјално лого и слоган на проектот заедно со најдобрите идејни решенија од останатите земји што учествуваат во проектите.
На конкурсот за едниот или за двата проекти имаат право да учествуваат сите ученици од Гимназијата, самостојно или во група од најмногу три ученици. Учеството во изработката на логото и слоганот ќе се земе предвид при селекцијата на учениците за учество во проектите.
Идејните решенија да се испратат најдоцна до 3.11.2020 (вторник) на мејл адресата: vb816301@schools.mk со назнака: Идејно решение за лого на проектот ________________(името на проектот). Во мејлот во прилог да се достават и податоци за авторите на дизајнот (име, презиме, паралелка, телефонски број и мејл за контакт).
Заинтересираните ученици повеќе информации за проектите можат да најдат на посочените линкови или да им се обратат на предметните професори по Ликовна уметност.