In Активности

По објавувањето на училишниот конкурс за изработка на идејно решение за заштитен знак (лого) и порака (слоган) на Еразмус+ проектите во коишто е вклучено нашето училиште, пристигнаа повеќе предлози од учениците од нашето училиште. По разгледувањето на сите пристигнати предлог-решенија, комисијата составена од професорите што се вклучени во проектите го направи изборот на следите идејни решенија за лого на проектите: за проектот „Нашиот живот во наши раце“ беше одбрано логото на ученичката Ивана Филева од паралелката II-3 , а за проектот „Обновливи извори на енергија“ беше одбрано логото на ученичката Нина Станоеска од паралелката I-10. За порака (слоган) на проектот беше одбран слоганот „Обновлива енергија, за да го обновиме нашиот свет“ („Renewable Energy, to Renew Our World“) што го предложи ученикот Денис Скука од паралелката II-11.  

Одбраните заштитни знаци на проектите ќе се натпреваруваат во изборот за официјално лого и слоган на проектот, заедно со најдобрите идејни решенија од останатите партнер училишта.

Recommended Posts

Leave a Comment

Контактирајте не

Во моментот не сме активни. Но можете да ни пратите е-пошта.

Not readable? Change text. captcha txt